Како што истакна Груевски, заеднички заклучок од средбата е дека членството на Македонија во НАТО е интерес и цврста определба на двете страни.
Премиерот додаде дека за Македонија останува приоритет влезот во Алијансата и дека земјава и понатаму ќе дава придонес за зачувување на мирот преку мисиите.

-Заеднички ги разгледавме актуелните теми поврзани со спроведување на реформите во контекст на остварување на нашето членство во НАТО. Разменивме мислење и на повеќе други прашања и теми. Се согласивме дека членството на Македонија во НАТО и натаму претставува меѓусебен интерес и цврста определба, како за Македонија така и за Алијансата. Од моја страна, уште еднаш ја реафирмирав определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО, како едно од врвните приоритети на надворешната политика во земјата. Истакнав дека Македонија е активен партнер на Алијансата во повеќе заеднички активности и мисии и особено придонесува во споделувањето на заедничките одговорности со земјите-членки на НАТО. Македонија се покажа како стабилен партнер на НАТО во изминатите години – рече Груевски.

Фактот, што Груевски го посети НАТО и неговата посета во Македонија за Расмусен претставува потврда за добрите односи. Македонија дава ценет придонес за ИСАФ и ИКФОР, истакна тој.
-Нашата стабилност и вашата иднина ни се многу важни вие сте блиски до нас не само географски туку и во историјата и културата, чекам да го видам вашето вклучување кон НАТО , нашите врати за Вас се отворени – истакна Расмусен по денешната средба.
Груевски заклучи дека Македонија ќе направи максимални обиди што побрзо да се изнајде решение за името што е единствена пречка во овој случај, но посочи и дека надминувањето на разликите не зависи само од Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



