Да се биде против убиство е човечки нагон. Да се брани правото на живот свој или туѓ е онолку достоинствено, колку што постои и човечкото битие. Да се изрази тоа чувство на жал, поединечно или масовно, е легитимно право неоспорено од никого. Барем Македонија знае како масовно се жали.
Но, никој кој што жали не добива нагон маскиран да го извади „органот“ среде улица. Да го истресе задникот кон полицијата. Оној кој жали и кој бара правдина не го крие својот лик.
А токму тоа се случува во скопско Ѓорче Петров. Безредија кои не се ниту нагон ниту право на револт. Тоа е план кој треба да покаже слабост на институциите и да покаже степен на нетрпеливост која ги надминува институционалните рамки. А кога за нешто има план, никако не може да се смета за „спонтан младешки нагон за осветољубивост и револт кон системот“.
Ова е слика која треба да покаже дека „народот ја зема правдината во свои раце“. Дека се нема верба во државата. Дека треба да се верува само на „своите“. А кои се своите? Оние кои го бранеа? Кои застанаа зад него? Кои застанаа зад запалените контејнери, блокираните улици, искршените продавници? Кои застанаа зад криците кои повикуваа на тепање? На ново убиство? Кои од партиска говорница порачаа дека „полицијата под наредба на насилната власт на Никола Груевски, го тепаше својот народ“.
Својот народ во овој случај не се луѓето кои укажувале на чести кражби. Своите овој пат се група маскирани насилници дојдени од други населни и општини подготвени да создадат инцидент. Со полицијата или меѓуетнички, сеедно. Во „спонтаност“ на групата ли треба да се смета и подготвени молотови коктели, ладно оружје, се што е потребно да се создаде атмосфера на „војна“. Предводени од познати деликвенти и наркомани, „бестрашни јунаци“, требаше да ја завршат работата која би се оправдале позициите на оние кои ги бранат. Кои на претходни тајни, а сепак јавни средби, им ветуваат амнестија и заштита. И за немирите и за теророт по улиците, и за меѓуетничките инциденти, и за се она што може(ше) да предизвика Ѓорче Петров.
Дали некој помислил што би се случило ако полицијата не ја спречеше оваа маскирана вооружена маса предводена од помрачени умови кон Сарај? За чиј или за чии животи потоа ќе жалеше партиската говорница? Или можеби за нив, за „другите“ не се жали? Што требаше да биде крајната цел? Полицијата спречи конфликт. Полицијата застана во одбрана на својот народ. А тоа и е и должност.
Не беше толку оддамна кога еден балкански политичар повика „никој не смее да ве тепа“. Идеолошката матрица е иста со онаа која сега во Ѓорче застана зад насилствата. Колку и да боли помислата на одземен живот во, од овој агол, банален случај на украден велосипед, не може да се верува дека арамијата/убиец барал плен по етничка линија, од Македонец, Христијанин, верник, хетеросексуалец, Комита, Делија, стечаец или ученик… Или дека Ангел го прашал за националност додека траела брканицата. Бркотница која заврши трагично.
А на Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)


