
Воениот оркестар на АРМ синоќа одржа концерт пред граѓаните на Македонски Брод. На концертот, кој се одржа во салата на ОУ ,,Св. Климент Охридски“, имаше повеќе од 300 граѓани. Пред концертот на Воениот оркестар беше изведена точката ,,Егзирцир“.

Покрај граѓаните на Македонски Брод во едночасовниот концерт на Воениот оркестар имаа можност да уживаат и четирисет гости од градот Халинов, Полска кој е збратимен со Македонски Брод.

– На концертот на Воениот оркестар присуствуваа и припадници на клучниот персонал од 1. механизирана пешадиска бригада и гарнизонот Кичево. Синоќешниот промотивен концерт на Воениот оркестар е прв од предвидените концерти кои во текот на 2014 година е предвидено да се реализираат во повеќе градови низ Република Македонија, како продолжување на проектот за соработка со локалната самоуправа во државава, чија основна цел е низ дружење, АРМ да се доближи до граѓаните и во градовите каде што нема гарнизони – соопшти полковник Мирче Ѓоргоски, началник на канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


