Најмалку осум припадници на украинската полиција загинале, а 18 се повредени за време на судирите со проруските сили на истокот од Украина кои почнаа во средата, објавија странските агенции повикувајќи се на информации од украински безбедносни извори.
До судирите дошло на околу 20 километри јужно од Донецк, каде што проруските сили по референдумот, кој се одржа на 11 мај, прогласија Донецка Народна Република, пренесува „Ројтерс“.
Украинските сили ноќеска, исто така, се судриле со проруските сили во соседната луганска област, но засега не е познато дали и во овој случај има жртви.
Во донецката и луганската област на истокот од Украина на 11 мај беа одржани референдуми за статусот, по што беа прогласени Народна Република Донецк и Народна Република Луганск, потсетува РИА „Новости”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.