| четврток, 6 декември 2018 |

Утре се одржува четвртото издание на фестивалот „Здраво, млади!“

Во петок, 23 мај ќе се одржи четвртото издание на фестивалот на нова музика, ЗДРАВО МЛАДИ! На главната сцена на отворено пред МКЦ, ќе настапат следните музичари (во овој редослед): Equinox (победниците на СРЕДНОШКОЛСКИОТ ПРОМО ДЕН), TRUS! , Фонија , The Soft Moon , Disciplin A Kitschme и ChkChkChk. Вечерта се затвора во бифето на МКЦ со настап на DJ Kleemar.

За визуелното шкртање на настанот ќе се погрижат VJ Аlera и VJ Vidbeat. Во рамките на фестивалот ќе се одржи и dance натпревар каде најдобриот изгласан од публиката и жирито ќе се здобие со награда – специјално дизајниран велосипед од Skopje Fixie. На оваа мини сцена, за добрата музика ќе се погрижат DJ Гоце (САФ) и Џака. Специјални гости кои ќе придонесат кон кршење на мразот и оценување на натпреварувачите се брејкденсерите Ekzarka Sleepwalingz и Yanitsa Stankeva од Бугарија.

Оваа година, фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ оствари соработка и со еден од најголемите европски фестивали – СИГЕТ ФЕСТИВАЛ, каде оние кои учествуваат во наградата игра можат да добијат две неделни влезници со кампување на овој фестивал.

Билетите се во продажба по цена од 600 денари во МКЦ, 1/2 Југотон и Југотон. За оние кои ќе купат 4 билети оддеднаш, следува еден гратис “другарски” билет само на билетарата на МКЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top