
Македонија направи голем напредок и извештајот на ГРЕКО кој се однесува на за инкриминациите и транспарентноста на финансирање на партиите е позитивен смета Марин Мрчела, првиот човек на Групата држави против корупцијата – тело основано од Советот на Европа. Од 13 препораки дадени од ГРЕКО земјава исполнила 10, три се делумно.
-Тоа е за нас од ГРЕКО е повеќе од доволно да го затвориме тој евалуациски круг. Очигледно е дека Македонија направила голем напредок во тоа подрачје така треба и да продолжи и овие 2-3 препораки кои се делумно исполнети би требало уште малку да се доработи на пракса бидејки законскиот дел постои а тоа е особено во делот на ревизорите нивните овластувања, истражувањата на незаконсконитостите во делот на финансирањето на политичките кампањи и казнувањето.Тие одредби се може да се рече малку комплицирани но јас сум сигурен дека макеоднија ке направи се што е неопходно – изјави Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО.
Во заклучоците од вчера објавениот извештај за транспарентноста во финансирањето на партиите, стои дека е постигнат напредок во однос на информирањето на политичките партии за нивните финансиски обврски и транспарентноста на вклученоста на трети страни во предизборните кампањи. Се наведува и дека се преземни чекори за зголемување на улогата на Државниот завод за ревизија во системот на надзор и санкционирање. Мрчела потенцира дека е многу важна транспарентноста во финансирањето на политичките партии.
– Финансирањето на политичките парии ем ногу важно затоа што партиите постојат за гражаните и на гражаните им требада биде транспарентно, да знаат што се случува бидејки граѓаните нив ги избрале и затоа политичарите мора да бидат спремни да го понесат и тој товар на транспарентноста па и да казнувањето ако се направи нешто незаконско – додаде
Мрчела.
Со ова третиот круг на оцена на ГРЕКО заврши. Следува 4-тиот кој се однесува на превенција на корупција кај пратеници, судии и обвинители. Овој извештај сѐ уште не е готов, но Мрчела испраќа порака до парламентарците, судиите и обвинителите дека тие
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


