| четврток, 6 декември 2018 |

Расмунсен доаѓа во посета на Македонија

rasmunsen
Во рамките на посетата на регионот, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, на 22 мај 2014 година ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, Генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со Претседателот на Владата Никола Груевски; Министерот за надворешни работи Никола Попоски и  Министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top