Британскиот хард рок бенд „Лед Цепелин“ би можел наскоро да се најде пред суд поради тврдењето дека нивната песна од 1971 година „Stairway To Heaven“ е плагијат на композицијата „Taurus“ на американската група „Спирит“, објави магазинот „Ролинг Стоун“.
Адвокатот, кој го застапува починатиот гитарист на „Спирит“, Ренди Калифорнија, тврди дека хард рок легендите го украле интрото на песната „Taurus“ од 1968 година и најави тужба за кршење на авторските права.
Адвокатот Френсис Александер Молофи се обидува да го блокира реизданието на албумот „Led Zeppelin IV“, тврдејќи дека неговиот клиент треба да добие писмено признание за песната.
– Идејата на сето ова е Ренди Калифорнија да добие писмена потврда за „Stairway to Heaven“, рече Молофи, додавајќи дека тужбата се подготвува веќе подолго време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.