| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Приведени се 27 лица, засега нема пријава за повредени

ivo-kotevski

Вкупно 27 лица се приведени, а засега нема пријава за повредени во вечерашните протести кои се одржаа во Ѓорче Петров, соопшти Иво Котевси, помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Од приведени 16 во полцииската станица Кисела Вода, а 11 во Карпош.

Станува збор за главно млади лица на возраст од 15 до 18 години, членови на разни навивачки групи, а дел од нив биле со фантомки на главата и се однесувале поагресивно.

Според Котевски, привршуваат протестите во Ѓорче Петров иницирани по вчерашното убиство на 19 годишниот Ангел П.

-Останати се неколку помали групи од 5 до 10 лица кои се движат низ населбата. Нема нарушувања на јавниот ред и мир, ниту поголеми собирања. Информациите од штабот на МВР кој беше формиран за протестите говорат дека тие поминале без посериозни инциденти и без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Според досегашните информации на полицијата, на помали повреди се пожалиле неколку полициски службеници кои ги обезбедувале протестите, а оштетени се и неколку полициски возила.

Котевски апелираше граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да се однесуваат смирено, а медиумите да не објавуваат неточни и непроверени информации кои можат да предизвикаат голема штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top