| четврток, 6 декември 2018 |

Котевски: Граѓаните масовно покажаа дека сакаат да се стави крај на кризата во која СДСМ ја втурна земјава

Денес Македонија докажа дека е демократска држава. Ние им честитаме на граѓаните за нивниот избор. Денес граѓаните масовно покажаа дека сакаат да се стави крај на кризата во која СДСМ ја втурна земјава во изминативе две години, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, вечерва.

– Граѓаните мирно и достоинствено масовно излегоа да гласаат и покажаа дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која СДСМ ја втурна земјата. За иднината на Република Македонија важно е дека изборите поминаа во мирна, фер и демократската атмосфера, без никакви сериозни инциденти. Граѓаните добија можност и го искористија своето право демократски и без притисоци да ја искажат својата волја и да ја закоружат опција што мислат дека е најдобра за нив и нивните најблиски. Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата за која мислат дека им обезбедува попросперитетна иднина, посочи Котевски.

Тој додаде дека граѓаните имале добра можност да се запознаат со понудата на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите учесници и да одлучат што е најдобро за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top