| четврток, 6 декември 2018 |

Хајди Клум го купи молчењето на поранешното момче

хајди

После врска од една и пол година, Хајди Клум и Мартин Кристен прекинаа, но нивната приказна не завршува тука.
„Радар онлајн“ пишува дека Хајди му купила куќа во Јужна Африка на Мартин и му платила за да не им кажува на новинарите за нивната врска.
– Хајди добро се однесуваше со него, така што тој ќе ја држи устата затворена – вели еден пријател на Мартин, кој објаснува дека прекинале затоа што нему му здодеало да биде бејбиситер.
– Правеше сѐ за децата. Ги возеше во училиште и легнуваше навечер во кревет. Ги сакаше децата на Хајди, но тоа беше премногу за него – објаснува пријателот.
Поранешната манекенка не чекаше долго, па неодамна е видена во друштво со ново момче, 27-годишниот Вит Шнабел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top