| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ се заканувал на поранешната девојка дека ќе ја убие ако не се смират

СВР Куманово поднесе кривична пријава за Г.В.(26) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело насилство.

На 15 мај годинава пријавениот, прекачувајќи се преку терасата, ги скршил прозорците и влегол во станот во кој живеела оштетената, со која претходно бил во љубовната врска. Тој физички ја нападнал присилувајќи ја да остане со него и заканувајќи се дека ќе ја убие ако не ја продолжат врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top