На 20.5.2014 година од магацинот во Момин Поток тргнаа четири шлепери помош со околу 80 тона – во вредност од 1.503.443 денари или 24.446 евра за настраданото население во Босна и Херцеговина. Целата активност е во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и во координација со Амбасадата на Босна и Херцеговина во РМ.
Наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и од резервите на Црвениот крст на РМ. Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.
Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу 50 тони храна, 25 тони средства за хигиена, 2.000 ќебиња, пет тони млеко, 80.000 литри вода, два тона бебешка храна, 2.000 чифта обувки, 20 тона употребувана облека, други намирници и друга материјална помош.
Паричните средства собрани од трите телефонски оператори 070/075/077 за донации на Црвениот крст заклучно со 20.5.2014 година изнесуваат 8.860 300 денари, а преку уплата на жиро-сметка на Фонд на солидарност 400.000,00 денари.
На 21.5.2014 година од магацинот во Момин Поток ќе тргнат осум шлепери хуманитрна помош за настраданото население во Србија.
На 22.5.2014 година од магацинот во Момин Поток ќе тргнат два шлепера хуманитрна помош за настраданото население во Босна и Херцеговина.
Црвениот крст на РМ упатува апел до сите заинтересирани што и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:
- Парична помош преку уплата на жиро-сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
- Материјална помош во овој момент исклучиво конзервирана храна , вода за пиење , средства за хигиена и дезинфекција.
- Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8.00 до 18.00 како и Домот на хуманитарните организации Даре Џамбаз од 8.00 до 17.00 .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.