| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали хотел на плоштад „Македонија“

Густиот чад што предмалку излегуваше над ресторанот „Тренд“ кај плоштад „Македонија“ ги вознемири граѓаните. Сепак, пожарот што почнал во оџак во ресторан Пивница, веднаш е изгаснат.

Според началникот на противпожарната бригада на Скопје, Благоја Менковски, станува збор за помал пожар, кој веднаш е локализиран.

– Се работи за помал пожар, најверојатно на оџакот на хотелот, кој веднаш е локализиран и изгаснат, а причинета е само материјална штета – изјави Менковски за „Република“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top