| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Робот – инсект во Армијата на САД

Воздухопловните сили на САД објавиле компјутерски приказ на необичниот проект робот-инсект кој може да служи за набљудување или за ликвидација на мета.

Минијатурните летала ќе бидат исфрлани од авионите во огромни количини. Рој од роботи ќе се шири на бојното поле, давајќи појасна слика од истото. Имаат можност за меѓусебна размена на податоци, што овозможува носење на одлука во правилно време.

Покрај набљудувачки имаат и борбени функции, имено, роботите се во состојба да експлодираат, и на тој начин да ја ликвидираат својата мета.

Мана на овие мали летала е тоа што трошат многу енергија, и можат да останат во воздухот само неколку минути.

Истражувачите, сепак наведуваат дека во наредните 2 години ќе го решат и тој проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top