| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа од Индија се најбогатите Британци

london

Браќата Госпиџанд и Сриџанд Хундуд, со индиско потекло, се на првото место на најбогати Британци со 11,9 милијарди фунти имот.

Според листата, илјада најбогати луѓе во Велика Британија за една година го зголемиле своето богатство за 15 отсто, објави весникот „Сандеј тајмс“.

Богатството на 1.000 најбогати минатата година изнесувало 518,975 милијарди фунти што е за 15,4 отсто повеќе во однос на 2012 година.

Богатството на групата 1.000  претставува една третина од домашниот бруто-производ на Британија. Листата на „Сандеј тајмс“ ги зема предвид земјиштата, недвижностите и уделите во компаниите, но не и банкарските сметки.

Само 11 од 30 најбогати се со потекло од Британија. Џералд Гросвенор, војвода од Вестминстер, се наоѓа на десеттото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top