Македонската продукција „Авалон“ организира голем хуманитарен концерт под мотото „Македонија за нашите браќа и сестри од Србија и Босна и Херцеговина“ следната среда, 28 мај, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Концертот ќе го отвори Кристина Арнаудова, потоа ќе настапат Тони Зен, „Ареа“, „Нокаут“, Каролина со проектот „Македонско девојче“, а концертот ќе го затвори Влатко Стефановски со неговото трио. Сите артисти ќе настапат со свои групи во живо. Почетокот на концертот е во 21 часот, а планирано е да трае 180 минути.
Хуманитарната акцијата е поддржана од СЦ „Борис Трајковски“, кој за овој настан сите свои ресурси ќе ги обезбеди бесплатно, додека за беспрекорен звук, светло и видео ќе се погрижи фирмата „ДВД 5“ со сите свои расположливи елементи.
Во продажба ќе бидат пуштени сите 10.000 влезници по цена од 500 денари од 21 мај (среда) преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ како и на www.kupikartizase.com.
– Мораме да се потрудиме сите 10.000 влезници да бидат распродадени со што би се собрале 5 милиони денари – апелираат од „Авалон“.
На официјалниот профил на „Фејсбук“ на „Авалон“ секоја вечер точно 21 часот ќе биде јавно соопштувана дневната продажба на влезниците за овој химанитарен концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хуманитарен концерт на Дино Имери во Македонската опера и балет
-
„Хуманитарен концерт на Дино Имери“, како замена на откажаната претстава „Мадам Батерфлај“
-
Голем хуманитарен концерт за помош на лицата со интелектуална попреченост
-
Хуманитарен концерт во организација на ученици на „НОВА“: Ќе настапат „Ареа“, „ПМГ Колектив“, „Милко“