| четврток, 6 декември 2018 |

„Деца на сонцето“ на филмскиот маркет во Кан

Македонската екипа од долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ режисерот Антонио Митрикески, продуцентот Дејан Милошевски и директорот на филмот Гоце Кралевски заминаа на годинашното издание на Канскиот филмски фестивал. Таму ќе престојуваат се до 22 мај.

Имено, на 20 мај со почеток во 18 часот, закажана е проекција на филмот на која се поканети да го погледнат на големо платно значајни дистрибутери. Проекцијата на филмот им ја овозможи на филмската екипа Агенцијата за филм на Република Македонија. Најавени се повеќе дистрибутери од кои еден од Америка и два дистрибутери од Англија, што е многу значајно за филмот.

„Целта е да се прикажеме нашиот филм и со тоа да добиеме можност, филмот да се дистрибуира и надвор од рамките на Македонија. Воедно, одиме и за наредниот филм што го имаме добиено на последниот конкурс за 2014година со што имаме двојна можност да се вратиме дома со одличен успех“ вели продуцентот Милошевски.

Неодамна филмот „Деца на сонцето“ во кој главните улоги ги играат Иван Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Таневски, Александар Миќиќ, Данчо Чевревски, Камка Тоциновски…. имаше во Скопје затворена проекција за екипата.

„Првичните впечатоци за филмот се различни, сите си имаат свое гледиште и размислување, но она што е најбитно е дека целата екипа сме задоволни од вкупниот труд. Благодарение на екипата направивме успешен нов македонски филм“ вели Милошевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top