Поплавите во Босна не ги загрозија само луѓето, куќите и патиштата, туку поместија и мински полиња останати од војната и однесоа ознаки за предупредување, јавува денеска АП.
Од милион нагазни мини поставени во Босна во текот на војната од 1992 до 1995 година не се отстранети речиси 120.000, на 9.146 означени мински полиња.
Најавено е дека утре ќе почне истрага за мините кои се појавија на местата каде што порано ги немаше, а постои и страв дека Сава, а потоа и Дунав може да ги однесат во Хрватска, Србија, а можеби и во Бугарија и Романија. Стручњаците предупредуваат дека може да ги однесе и во турбините на хидроцентралите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.