Во драматичните вести кои Босна и Херцеговина во вистинска катаклизма ја потресуваат од минута во минута еве и една необична венчавка. Буквално во поплава, пред матичарката Радмила Бањац судбоносното „да“ вчера го кажаа овие младенци од Виташовац.
Невестата не сакаше да се венча без родителите и кумот кои останаа заробени во водата. А да биде уште по драматично кај нив биле бурмите, оделото на младоженецот и невестинскиот фустан.
-И тогаш се појави лоткарот кој успеал да се пробие низ водата и да ги донесе родителите и кумот. Брзо се подготвивме, ја побаравме матичарката која што не венча. Да биде поинтересно до тој момент врнеше дожд, а веднаш по доаѓањето на нашите најблиски огреа сонце. Во тоа гледам добар знак за нашиот брак – раскажува среќната невеста која на венчавката очекуваше до 670 гости.
Многумина поради поплавите не стигнаа на закажаната венчавка, а меѓу гостите била и екипа од Словенија.
-Работам веќе 26 години. И луѓето ги венчавав на разни места, па дури и во брз воз. Но, ваква венчавка досега не сум имала. Беше потресно, некои и дури плачеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.