| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре кат од куќа во Прилеп

Во пожар кој се случи изутрината целосно изгоре кат од куќа на улица „Цане Илиоски“ број 17 во Прилеп. Тричлено семејство остана без покрив над главата. Според командирот на Прилепската противпожарна единица Станко Колески, пожарот бил пријавен во 9:40 часот. Единицата интервенирала со три противпожарни возила и 10-тина пожарникари.

– Пожарот го зафати горниот кат и покривот на куќата. Се е целосно изгорено и уништено. Во куќата кога почнал пожарот, семејството не беше дома. Штетите се огромни, истакна Колески.

Сопствениците, тричленото семејство Свеќароски биле на нива.  Пожарот го забележале соседите и им јавиле на семејството Свеќароски.

– Кога стигнавме од нива  се обидовме да гаснеме,  но се беше залудно. Ни изгоре целата покуќнина. Имав и пари внатре. Сега сме без покрив над главата, рече сопственикот Трајче Свеќароски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top