| четврток, 6 декември 2018 |

Ги спасил од поплавите, па ги ограбил

Саша Б.од Смедеревска Паланка е уапсен под сомнение дека во тек на евакуацијата на жителите од најзагрозениот дел извршил кривично дело тешка кражба.

Тој е уапсен под сомнение дека украл портмоне со 3.000 евра и 10.000 динари , кога во петокот вечерта околу 20 часот со чамец дошол до куќата на своите соседи и ги излажал дека е пратен од нивната керќа и зет за да ги префрли на безбедно место.

Соседите му поверувале и ги спакувале најнеопходните работи. Откако ги пренел на сигурно Саша се вратил во куќата влегол од балкон и ги украл парите.

Полициските службеници во него пронашле 1.500 евра 7.200 динари , а тој го признал делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top