| четврток, 6 декември 2018 |

Беар Грилс го наместил шоуто?

berВо, како го опишуваат „најсуровото реално шоу“, 13 обични луѓе се обидуваат да преживеат на пуст остров цел месец. тоа ќе го сторат со мала помош и совети на Беар Грилс… но и наместената продукција, доколку се верува на гледачите. По последната епизода, почнаа обвинувања на сметка на Грилс и продукцијата дека четворица натпреварувачи до толку знаеле што точно да прават, дури изгледале како да се професиопналци навикнати на преживување во екстремни услови. Исто така се вели и дека продукцијата поставила базен со вода за пиење, а го маскирала да изгледа како езеро. се обвинува и дека донеле два крокодила .

Беар Грилс на почетокот на шоуто најави дека сака да види што ќе се случи кога на човек ќе му се одземе се и да се примора да се бори за опстанок. Продукцијата во своето соопштение напиша дека 13 лица ќе бидат оставени на острово во Пацификот само со облека и со алатки. „Ќе бидат препуштени сами на себе во борбите за вода, храна и засолниште“.  Потоа на публиката и беа претставени натпреварувачи меѓу кои има инженер, полицаец, неуролог, овчар, бизнисмен… нои немаше напишано дека еден од нив работел во екстремни услови во земји зафатени со војни, ниту дека еден од камерманите работел со Грилс во серијалот „Човекот против природата“, па ниту дека тонскиот мајстор има 10-годишно искуство во преживување на „Беар Грилс“ начин.

Во првата епизода на серијата жедните наишле на „маскиран базен со вода за пиење’ додека во втората епизода еден од професионалците на Беар, по два дена гладување, уловил и убил крокодил ( која повторно продукцијата со причина тука го „оставила“) а потоа направил вечера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top