| четврток, 6 декември 2018 |

Во Доњецк нема да се гласа за украинските избори

UkraineНовоформираната Доњецка народна република нема да дозволи одржување на украинските претседателски избори на своја територија, изјави денеска нејзиниот премиер Александар Бородај.

– Ние сме Доњецка народна република и имаме право само да одлучиме што ќе биде на наша територија, посочи Бородај.

Тој истакна оти Доњецката народна република се подготвува за припојување кон Русија.

– Нашата индустрија е поврзана за Русија. Ние имаме блиски односи со Русија, економијата на  Доњецката народна република на тој начин ќе се развие, истакна Бородај.

Претседателските избори во Украина се закажани на 25 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top