| четврток, 6 декември 2018 |

Џордан Белфорт – од продавач на морска храна до волк од Волстрит

Во ед­но поп­лад­не, под­гре­а­но со дро­га, Бел­форт от­пи­шал јах­та и еден од сво­и­те два хе­ли­коп­те­ра. Го смач­кал сво­јот „мер­це­дес-ка­бри­о­лет“ со не­го­ва­та ма­ла ќер­ка не­вр­за­на на со­во­зач­ко­то ме­сто, ко­ја, за сре­ќа, по­ми­на­ла не­по­вре­де­на

Zivot88-the-wolf-of-wall-st-3

Во но­ви­от филм на Мар­тин Скор­се­зе „Вол­кот од Вол­стрит“, Ле­о­нар­до ди Ка­прио го глу­ми ам­би­ци­оз­ни­от Џор­дан Бел­форт, кој има дар­ба за за­ра­бо­ту­ва­ње ми­ли­о­ни, но са­ка да се за­ба­ву­ва и да лум­пу­ва. Фил­мот е сни­мен спо­ред ви­стин­ска жи­вот­на при­каз­на за чо­ве­кот што на 26 го­ди­ни ста­нал мул­ти­ми­ли­о­нер за­ра­бо­ту­вај­ќи по не­кол­ку ил­ја­ди до­ла­ри во ми­ну­та.

Zivot88-the-wolf-of-wall-st-1

Џордан Белфорт

– Во го­ди­на­та ко­га на­вр­шив 26 го­ди­ни за­ра­бо­тив 49 ми­ли­о­ни до­ла­ри, што ме из­нер­ви­ра би­деј­ќи тоа се са­мо три по­мал­ку од еден ми­ли­он не­дел­но – ве­ли Џор­дан.

Ро­ден е на 9 ју­ли 1962 го­ди­на во Бронкс, во се­мејс­тво на сме­тко­во­ди­те­ли­те Ли­ја и Макс Бел­форт. Израс­нал во евреј­ско до­ма­ќинс­тво. Во те­кот на ле­то­то, ме­ѓу за­вр­шу­ва­ње­то на учи­лиш­ни­те об­вр­ски и по­че­то­кот на уни­вер­зи­те­тот, Бел­форт и не­го­ви­от бли­зок при­ја­тел од дет­ство­то Ели­от Ло­вен­стерн за­ра­бо­ти­ле 20.000 до­ла­ри од про­даж­ба на ита­ли­јан­ски мраз од пре­нос­ли­ви ла­дил­ни­ци, кој им го про­да­ва­ле на по­се­ти­те­ли­те на пла­жа­та. Џор­дан пла­ни­рал овие па­ри да ги иско­ри­сти за да го пла­ти па­тот до учи­ли­ште­то за сто­ма­то­ло­ги­ја. Дип­ло­ми­рал на аме­ри­кан­ски­от уни­вер­зи­тет, со дип­ло­ма по би­о­ло­ги­ја, а по­тоа се за­пи­шал на Ко­ле­џот за ден­тал­на хи­рур­ги­ја во Бал­ти­мор. Се­пак, тој за­ми­нал от­та­му отка­ко де­ка­нот на учи­ли­ште­то му ре­кол: „Злат­на­та до­ба на сто­ма­то­ло­ги­ја­та за­вр­ши. Ако си ту­ка са­мо за­тоа што си во по­тра­га по за­ра­бо­тка, то­гаш си на по­греш­но ме­сто“. Тоа бил не­го­ви­от прв ден на ко­леџ.

Ка­ри­е­ра­та ка­ко бро­кер ја поч­нал во „Л.Ф. Ро­тшилд“. По­доц­на ја фор­ми­рал сопс­тве­на­та бро­кер­ска ку­ќа „Стра­тон Оук­монт“, ка­де што из­мам­нич­ки­от биз­нис го во­дел ка­ко раз­вра­тен рим­ски им­пе­ра­тор – ус­пеш­ни­те вра­бо­те­ни би­ле на­гра­ду­ва­ни со про­сти­ту­тки, ал­ко­хол и со дро­га, не­ус­пеш­ни­те би­ле от­пу­шта­ни. Шмр­ка­ње­то ко­ка­ин и ор­ги­и­те би­ле дел од се­којд­нев­ни­от жи­вот. Ра­бот­ни­ци­те би­ле охра­бру­ва­ни да има­ат секс во стак­лен лифт со це­ло­сен пог­лед на кан­це­ла­ри­ја­та, има­ло го­ли гру­пи што мар­ши­ра­ле, а од жен­ски­от пер­со­нал на за­ба­ви­те се оче­ку­ва­ло да тан­цу­ва топ­лес и да спие со ма­жи.

Но, царс­тво­то на Џор­дан Бел­форт, фи­нан­си­ра­но од 150 ми­ли­о­ни фун­ти што ги до­бил со из­ма­ма од ин­ве­сти­то­ри­те, поч­на­ло да про­па­ѓа во доц­ни­те 90-ти го­ди­ни. Тој од­ле­жал са­мо 22 ме­се­ца за из­ма­ма и пер­е­ње па­ри, при што на­пи­ша две кни­ги ме­мо­а­ри, кои се ос­но­ва за фил­мот „Вол­кот од Вол­стрит“.

Три­ча­сов­на­та цр­на ко­ме­ди­ја, во ре­жи­ја на Мар­тин Скор­се­зе мно­гу­ми­на ја опи­шаа ка­ко еден од нај­и­зо­па­че­ни­те фил­мо­ви на Хо­ли­вуд во­оп­што. Но, Бел­форт твр­ди де­ка при­каз­на­та не се нат­пре­ва­ру­ва со све­тот од ре­ал­ни­от жи­вот, рас­и­пан од дро­га, ту­ку е при­каз­на за фир­ма­та за про­даж­ба на ак­ции „Стра­тон Оук­монт“, ко­ја ја спо­ре­ду­ва со биб­ли­ски­те дув­ла на греш­ни­те, Со­до­ма и Го­мо­ра.

– Не се­ко­ја фир­ма има­ше про­сти­ту­тки во виз­ба­та, ди­ле­ри на дро­га на пар­кин­гот, ег­зо­тич­ни жи­вот­ни во са­ла­та за со­ста­но­ци и нат­пре­ва­ри во фр­ла­ње џу­џи­ња во пе­то­ци­те – ве­ли Џор­дан.

Ду­ри и Ди Ка­прио (39), кој ги са­ка за­ба­ви­те, го опи­ша Бел­форт, кој се­га има 51 го­ди­на, ка­ко нај­го­лем хе­до­нист што не­ко­гаш го за­поз­нал.

– Тој е ка­ко им­пе­ра­то­рот Ка­ли­гу­ла во де­неш­но вре­ме. Тој не се воз­др­жу­ва од ни­што и е не­по­мир­лив во сво­ја­та по­хо­та за бо­гат­ство и лу­до тро­ше­ње – ре­че Ди Ка­прио.

Бел­форт, по­ра­не­шен про­да­вач на мор­ска хра­на од вра­та до вра­та, во­дел жи­вот на ви­со­ка но­га со сво­ја­та со­пру­га На­дин Ка­ри­ди, ру­со­ко­са мо­дел­ка ро­де­на во Лон­дон, и со ар­ми­ја од ска­по пла­те­ни про­сти­ту­тки. Во ед­но поп­лад­не, под­гре­а­но со дро­га, Бел­форт от­пи­шал јах­та и еден од сво­и­те два хе­ли­коп­те­ра. Го смач­кал сво­јот „мер­це­дес-ка­бри­о­лет“ со не­го­ва­та ма­ла ќер­ка не­вр­за­на на со­во­зач­ко­то ме­сто, ко­ја, за сре­ќа, по­ми­на­ла не­по­вре­де­на. Тој, исто та­ка, мо­рал да се вр­зе со ре­мен на се­ди­ште­то од пр­ва кла­са во ави­он, отка­ко се­ксу­ал­но на­пад­нал стју­ар­де­са. А ко­га оста­нал без таб­ле­ти­те за се­ксу­а­лен на­гон „ква­лу­де“ до­де­ка пре­сто­ју­вал во апарт­ман од 9.000 фун­ти за ед­на ноќ во лон­дон­ски­от хо­тел „Дор­че­стер“, му по­ра­чал на сво­јот во­зач во Њу­јорк да до­ле­та со „кон­корд“ и да му до­не­се таб­ле­ти.

Zivot88-the-wolf-of-wall-st-2

Кра­тко вре­ме пред да про­пад­не не­го­ва­та им­пе­ри­ја тој ја убе­дил те­тка­та на На­дин, на­став­нич­ка, ко­ја ја игра Џо­а­на Лам­ли, да му доз­во­ли да ис­пе­ре ми­ли­о­ни до­ла­ри пре­ку швај­цар­ска бан­ка ко­ри­стеј­ќи го неј­зи­но­то име. Таа по­чи­на­ла пред тој да ја из­ве­де из­ма­ма­та.

Поз­на­ти­от про­да­вач Џош Ша­пи­ро од се­га ве­ќе не­по­стој­на­та „Стра­тон Оук­монт“, се се­ќа­ва де­ка бил на­гра­ден со кур­ва што нап­ла­ту­ва­ла по 300 фун­ти на час за склу­чу­ва­ње до­го­во­ри, а Бел­форт ду­ри ан­га­жи­рал го­ли мар­ши­рач­ки гру­пи за да го „охра­бри“ за вре­ме на сту­де­ни­те по­ви­ци. Дру­ги на­гра­ди би­ле не­о­гра­ни­чен ко­ка­ин, „ек­ста­зи“ и „ква­лу­де“. Мла­ди­от жен­ски пер­со­нал во фир­ма­та на Лонг Ај­ленд, Њу­јорк не бил исто тре­ти­ран.

Ма­жи­те им се обра­ќа­ле без­о­браз­но, а на за­ба­ви­те тие би­ле бесп­ла­тен ди­веч за ма­шки­те ко­ле­ги. Не­го­ви­от од­нос кон мо­дел­ка­та за пи­во „ми­лер ли­те“ – На­дин, не бил по­до­бар. Тој пре­нел 100 вра­бо­те­ни и 100 про­сти­ту­тки во Лас Ве­гас за ор­гии иск­лу­чи­тел­но за ма­жи­те пред нив­на­та вен­ча­вка на Ка­ри­би од 600.000 фун­ти. Се по­фа­лил де­ка имал секс со неа на ду­шек од три ми­ли­о­ни до­ла­ри, на­пра­вен од банк­но­ти од по 100 до­ла­ри.

– Отка­ко го изг­ле­дав фил­мот оста­нав без збо­ро­ви. За ме­не се­то ова е по­и­на­кво искус­тво откол­ку за пуб­ли­ка­та. Јас се по­ми­рив со сво­е­то ми­на­то, на­пи­шав кни­га и тоа за ме­не прет­ста­ву­ва­ше ка­тар­за. Но, ко­га ќе се ви­ди се­то тоа на екран, со не­кој што до­бро си ја вр­ши сво­ја­та ра­бо­та, бу­квал­но се ис­по­тив во не­кои мо­мен­ти. Ко­га шмр­кав ко­ка­ин имав ин­тен­зив­ни ре­ак­ции на се­то тоа – ве­ли Бел­форт.

Zivot88-the-wolf-of-wall-st-4

На­дин, ко­ја се­га има 51 го­ди­на, се раз­бо­ле­ла од не­го­во­то ма­ме­ње и од дро­га­та, го оста­ви­ла отка­ко ја тур­нал низ ска­ли­те во не­го­ва­та па­ла­та од 24 спал­ни со­би на Лонг Ај­ленд.
Во ме­ѓу­вре­ме, фи­нан­си­ски­те ре­гу­ла­то­ри му се приб­ли­жи­ле на Бел­форт и тој бил об­ви­нет за ве­штач­ко дување на це­ни­те на ак­ци­и­те и е за­тво­рен во 2003 го­ди­на.

Со На­дин се раз­ве­ле во 2005 го­ди­на, и тој се­га е свр­шен со Ен Ко­пе и др­жи мо­ти­ва­ци­ски го­во­ри и пре­да­ва „тех­ни­ки на про­даж­ба“ на мла­ди бро­ке­ри што са­ка­ат да „соз­да­дат бо­гат­ство за по­го­лем ус­пех“.

– За­ра­бо­ту­ва­ње­то па­ри е тол­ку лес­но. На­ви­сти­на е. Тоа не е те­шко да се на­пра­ви – ве­ли Бел­форд.

Ви­стин­ска­та не­то-вред­ност на Бел­форт е ми­сте­ри­ја. Тој за­ра­бо­ти по­ве­ќе од два ми­ли­о­на до­ла­ри од кни­ги­те и од автор­ски­те пра­ва за фил­мот.

– Мис­лев де­ка се лу­ди – ве­ли тој за об­ја­ву­ва­ње­то на кни­ги­те.

За­ра­бо­ту­ва пет­ци­фре­ни су­ми за го­во­ри­те што ги др­жи, за­ед­но со при­хо­ди­те од ин­ве­сти­ци­и­те што ги на­пра­ви во Ав­стра­ли­ја. Но, тој не мо­же да за­др­жи сѐ. Спо­ред еден суд­ски на­лог, по­ло­ви­на од сѐ што за­ра­бо­ту­ва мо­ра да се пре­на­ме­ни за да го вра­ти дол­гот од 110 ми­ли­о­ни до­ла­ри, кол­ку што им дол­жи на по­ве­ќе од 1.500 ин­ве­сти­то­ри, кои ги „одрал“.

– Се­ко­гаш чув­ству­вав де­ка ако имам по­ве­ќе, то­гаш би се чув­ству­вал до­бро. Но, мис­лам де­ка кол­ку што по­ве­ќе имав, тол­ку по­ло­шо се чув­ству­вав. Си­те има­ме та­кви дуп­ки, не­ли? Проб­ле­мот е што има не­кои на­чи­ни да ги зат­не­ме дуп­ки­те што се одрж­ли­ви. Из­ле­гу­ва­ње­то и е… два­е­сет кур­ви се­ко­ја ве­чер – тоа бе­ше за­бав­но ко­га го пра­вев, но тоа, на­ви­сти­на, не е одрж­ли­во – ве­ли тој.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top