| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Сега е важно да спасите жива глава, после ќе мислите на имотите

Aleksandar-Vucic-about-Serbian-economy1

Српскиот премиер Александар Вучиќ апелираше денеска до жителите на Обреновац, каде што ситуацијата е критична, да не одбиваат евакуација и да ги слушаат упатствата на надлежните државни органи.

– Припадници на војската и на полицијата се таму и ги спасуваат луѓето, за два-три часа и јас ќе бидам таму – изјави Вучиќ.

Тој изјави дека досега се извлечени голем број лица и дека засега е важно да се спасат животите, а после ќе мислат за имотите.

– Не можете да опстанете на покривите и високите тераси бидејќи куќите ќе ви се урнат – предупреди Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top