| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами-Индијана и Сан Антонио-Оклахома во конференциските финалиња

Познати се финалните двојки од конференциите во НБА-плејофот. На исток ќе се сретнат Мајами и Индијана, додека во финалето на западната конференција ќе играат Сан Антонио и Оклахома.

Пејсерс до финалето дојде со победа во шестиот меч против Вашингтон Визардс со резултат 93-80. Конечно проработи Дејвид Вест, кој постигна 29 поени за Индијана, Ленс Стивенсон уфрли 17, а 12 Пол Џорџ. Најефикасен во тимот на Визардс беше Марцин Гортат со 19 поени.

Тандер во „Стејплс центар“ со 104-98 го совлада Лос Анџелес клиперс и по шест одиграни натпревари обезбеди пласман во конференциското финале.

Клиперс по првата четвртина имаше предност од 14 поени, но Оклахома ги зеде работите во свои раце и дојдоа до целосен пресврт. Со 39 поени Кевин Дурант беше најефикасен на натпреварот, а на поените додаде и 16 скока, Расел Вестбрук постигна 19 поени проследени со 12 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top