Има нова стратегија за потрага по малезискиот „боинг“ кој мистериозно исчезна на 8 март годинава, соопшти вршителот на должност министер за транспорт на Малезија, Хисамудин Хусеин, а договорот целосно го одбрила Владата на Малезија.
Според Хусеин, минатата недела во Канбера претставници на Австралија, Кина и на Малезија се договориле да бидат ангажирани повеќе поголеми и помали подморници за истражување на дното на дел од Индиски Океан, на подрачјето во кое, најверојатно, се наоѓаат остатоците на исчезнатиот авион.
Авионот исчезна два часа по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг. Во авионот имаше 239 патници и членови на екипажот, во најголем број кинески државјани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.