| четврток, 6 декември 2018 |

„Баскерфест 2014“ почнува на 27 мај

баскерфест

Деветтото издание на уличниот театар под отворено небо „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.

Официјалниот старт е на 27 мај на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28 мај. Скопје ќе биде домаќин од 6 до 15 јуни, а целата турнеа ќе трае до 30 јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.

Уличните престави ќе има и во Кочани на 30 и 31 мај, Велес на 6 и 7 јуни, Свети Николе 7 јуни, Чешиново-Облешево на 10 јуни, Кавадарци на 13 и 14 јуни, Радовиш 14 јуни, Неготино 18 јуни, Виница 19 и 20 јуни, Берово, Македонска Каменица и Прилеп на 20 и 21 јуни, Крива Паланка, Пехчево и Тетово 21 јуни, Крушево 22 јуни, Дојран од 27 до 30 јуни, Ресен 28 јуни, Охрид 28 и29 јуни, Делчево 29 јуни и Битола на 29 и 30 јуни.

Новитет годинава се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои учество ќе земат и дел од баскер изведувачи, како и познати диџеи од Македонија и странство.

Овој пат Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top