Родителите на едно осумнаесетмесечно бебе поставиле тајна камера во собата на бебето бидејќи се сомневале во дадилката на нивниот 18-месечен син.
Синот го чувала дадилка и тие не очекувале ништо вознемирувачко, но, сепак, снимката открила нешто друго.
Родителите останале вчудоневидени кога сфатиле дека дадилката која го чувала нивниот син речиси една година не била воопшто нежна, дури и премногу отсутна и груба кон нивното мало бебенце.
Наместо да му се обрати нежно, да го смири и да го заспие, таа само го проверувала малото момченце на еден час, а кога повеќе немала трпение за него, само насилно го фатила и го сместила во креветчето.
– Нашето дете беше вознемирено, тоа јасно се гледа на снимката. Таа целосно го занемарува, не го заспива навреме, двајцата се нервозни, го удира толку силно по газето што не знам дали некогаш ќе си простам што го оставив. Толку беспомошно се чувствувам, бидејќи мојата доверба и без ова е разнишана, ова беше само уште еден шок – изјавила мајката која до тој момент имала само пофални зборови за дадилката која ја ангажирала по препорака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.