| четврток, 6 декември 2018 |

Најмоќните српски дадилки – тие од сенка ја менуваат политичката сцена

dadilka

Српските дадилки очигледно се многу популарни меѓу светските лидери на кои им ги чувале децата, но и нив самите додека биле мали.

После неодамнешната приказна за баба Милка Милисављевиќ, која ги чувала децата на новиот претседател на САД Доналд Трамп, српскиот печат се навраќа и на бесиситерката на поранешниот премиер на Норвешка и генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во Белград го чувала Смиља Кнежевиќ Катиќ.

Како што децата на Трамп, вклучувајќи ја и десната рака на татка си, Иванка Трамп, така и Јенс во првите години е воспитуван и чуван од дадилка од овој простор, добивајќи ги првичните патокази во животот токму од нив. Очигледно се работи за вистински насоки, бидејќи од нив израснале успешни луѓе и водачи. Иднината ќе покаже дали нивното воспитување ќе влијае и врз светскиот поредок.

Инаку шефот на НАТО, израснал во Белград. Го израснала и скоро две децении на него пазела Србинката Смиља.Имено неговиот татко Торвалд Столтенберг, мировен посррдник на УН за поранешна Југославија, од 1961 до 1964 бил првиот секретар на норвешката амбасада во Белград. Во главниот град на Србија престојувал со сопругата Карин и трите деца, Јенс, Нина и Камила, а Смиља Катиќ била ангажирана како дадилка.

Смиља имала 30 години кога во 1961 почнала да го чува Јенс во резиденцијата на Дедиње. Потоа продолжила да се грижи за него бидејќи семејството Столтенберг ја повело со себе во Норвешека, каде била нивна помошничка и учителка во наредните 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top