| четврток, 6 декември 2018 |

Сони Петровски реизбран за претседател на СОКОМ

На седницата на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ со акламација повторно беше избран доц. м-р Сони Петровски за претседател на СОКОМ, кој со асоцијацијата ќе раководи и во наредните две години. По предлог на претседателот, за членови на претседателството на СОКОМ се избрани композиторите проф. м-р Јана Андреевска, вонр. проф. м-р Валентина Велковска-Трајановска, проф. д-р Роберт Саздов, Кокан Димушевски, музикологот Марко Коловски и етномузикологот  м-р Бранка Костиќ-Марковиќ. За претседател  на Собранието на СОКОМ повторно беше назначен проф. Стојан Стојков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top