| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски пресече пред конгресот на СДСМ

„Тол­ку од За­ев“, бе­ше ко­мен­та­рот на мно­гу­ми­на по ин­терв­ју­то со по­чес­ни­от пре­тсе­да­тел на СДСМ Бран­ко Цр­вен­ков­ски за тоа де­ка ни­ту тој ни­ту За­ев не се ре­ше­ние за пар­ти­ја­та. По по­фал­би­те за Сте­во Пен­да­ров­ски - до­ско­ра­шен со­ра­бот­ник и пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат - ста­на јас­но де­ка це­ла­та пре­тсе­да­тел­ска кам­па­ња, всуш­ност, бе­ше про­мо­ци­ја на но­ви­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та

Зо­ран За­ев, спо­ред поз­на­ва­чи­те, си ја оди­гра уло­га­та што му бе­ше до­де­ле­на при пов­ле­ку­ва­ње­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски од ли­дер­ска­та по­зи­ци­ја од СДСМ. Им „по­ка­жаа“ на тие што сме­таа де­ка тре­ба ин­сти­ту­ци­о­нал­но да се над­ми­ну­ва­ат проб­ле­ми­те во зем­ја­ва, та­ка­на­ре­че­ни­те „про­тив­ни­ци на от­по­рот“, ги по­ми­наа си­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни че­ко­ри за да дој­дат до овие из­бо­ри на кои по­ка­жаа де­ка без от­по­р се осво­ју­ва­ат по­мал­ку гла­со­ви од тие што му обез­бе­ди­ја 42 пра­те­нич­ки ме­ста на Цр­вен­ков­ски. Со тоа и „бор­ба­та“ ме­ѓу „за­е­ви­сти­те“ и „бран­ко­ви­сти­те“ се по­ка­жа ка­ко го­ле­ма ла­га на ко­ја на­сед­наа мал­ку­ми­на, но ко­ја тре­ба­ше да ги из­ва­ди на по­вр­ши­на тие што сѐ уште сме­та­ат де­ка на СДСМ му е по­треб­на све­жи­на.

 

Про­ро­кот се ја­ви: „Ни­ту јас ни­ту За­ев“

Иа­ко да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста, тој пре­ку стран­ска аген­ци­ја пра­ти по­ра­ка до де­ле­га­ти­те на прет­стој­ни­от кон­грес: „Ни­ту јас ни­ту За­ев не сме ре­ше­ние за СДСМ“. Цр­вен­ков­ски со тоа ја оди­гра рол­ја­та од ко­ја се пла­шеа и ко­ја ка­ко нај­цр­но сце­на­рио ја по­со­чу­ваа и по­ли­ти­ко­ло­зи­те и бли­ски­те до СДСМ. Се по­ка­жа де­ка За­ев, иа­ко тре­ба­ше да би­де „но­ви­от ве­тер“ во СДСМ и СДСМ тре­ба­ше да има „но­ви ли­ца“ со што би се отфр­лил нас­ле­де­ни­от ба­гаж на пар­ти­ја­та, бил са­мо ед­на „по­каз­на веж­ба“ за да се по­стиг­не тоа што нај­до­бро функ­ци­о­ни­ра во пар­ти­ја­та – на нај­груб мо­жен на­чин да се рас­чи­сти со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те и по це­на на пре­ла­жа­ни гла­са­чи и на на­ру­шен уг­лед на др­жа­ва­та.

Со ова не­го­во ја­ву­ва­ње, по­втор­но се га­зи врз се­то тоа што прет­ста­ву­ва де­мо­крат­ски про­цес во ед­на пар­ти­ја. Тој по­втор­но ги ме­сти ма­ри­о­не­тки­те во пар­ти­ја­та. И не му е те­шко. И За­ев и де­ле­га­ти­те на кон­гре­сот се дел од не­го­ви­те актив­но­сти пред да си за­ми­не. За­ев ги из­ме­ни со­ста­ви­те на пар­ти­ски­те те­ла со до­ста­ву­ва­ње свои ло­јал­ни чле­но­ви, до­де­ка, пак, со­ста­вот на де­ле­га­ти­те на кон­гре­сот е из­бран од најб­ли­зок со­ра­бот­ник на Цр­вен­ков­ски.

За­ев со ва­ква­та уло­га му се од­дол­жи на Цр­вен­ков­ски за або­ли­ци­ја­та. Всуш­ност, дел од поз­на­ва­чи­те по­со­чу­ва­ат де­ка, мо­же­би, и або­ли­ци­ја­та би­ла дел од стра­те­ги­ја­та на Цр­вен­ков­ски за во За­ев да има чо­век на кој мо­же да сме­та во ид­ни­на, а при­тоа да не по­ста­ву­ва пра­ша­ња или ус­ло­ви. За­тоа За­ев и не се бун­ту­ва­ше за но­ва­та функ­ци­ја во пар­ти­ја­та до­де­ле­на на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска и за ра­ко­водс­тво со пар­ти­ски функ­ци­о­не­ри што и до­то­гаш ја кро­е­ја пар­ти­ска­та по­ли­ти­ка за­ед­но со Цр­вен­ков­ски.

Ако во вре­ме­то за сме­на на Цр­вен­ков­ски мно­гу­ми­на во Сте­во Пен­да­ров­ски ви­доа не­гов нас­лед­ник, тој то­гаш тоа го од­би­ва­ше со не­кол­ку из­го­во­ри – де­ка не е член на пар­ти­ја­та или де­ка не­ма ор­га­ни­за­ци­ско-ад­ми­ни­стра­тив­ни спо­соб­но­сти. Но, Пен­да­ров­ски до са­ми­от крај не ја приз­на­ва­ше ни­ту пар­ти­ска­та кан­ди­да­ту­ра за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Всуш­ност, За­ев го рас­чи­сти те­ре­нот што се­га тре­ба да го за­зе­ме Пен­да­ров­ски. Ос­ло­бо­ден од про­тив­ни­ци­те на „от­по­рот“ и од ам­би­ци­и­те на не­кол­ку­ми­на про­ти­вкан­ди­да­ти на За­ев – од кои еден си за­ми­на од СДСМ, а дру­ги­от бе­ше „глав­ни­от стра­тег“ за из­бор­на­та про­гра­ма и за при­друж­ни­те фолк­лор­ни де­мон­стра­ции – Пен­да­ров­ски се­га ќе мо­же да про­дол­жи со „от­по­рот“ на Цр­вен­ков­ски. Та­му ка­де што за­ста­на – со опо­зи­ци­ја на ули­ца и на­ру­шен уг­лед на др­жа­ва­та.

 

Цр­вен­ков­ски пр­во го ами­ну­ва­ше За­ев, се­га Пен­да­ров­ски

Ако се по­тсе­ти­ме на пер­и­о­дот од пред кон­гре­сот на кој тре­ба­ше да се из­бе­ре нас­лед­ник на Цр­вен­ков­ски, тој ги по­ви­ка кан­ди­да­ти­те кај не­го еден по еден „за да ги ела­бо­ри­ра­ат про­гра­ми­те“ со што, всуш­ност, и се по­твр­ди де­ка ви­стин­ски­от из­бор не го пра­ват де­ле­га­ти­те на кон­гре­сот, ту­ку лич­но Цр­вен­ков­ски. Ду­ри и на кон­гре­сот вле­гоа за­ед­но, ра­ка под ра­ка. Под дру­га­та му бе­ше Зо­ран Јо­ва­нов­ски. То­гаш се шпе­ку­ли­ра­ше за конф­ликт ме­ѓу Цр­вен­ков­ски и Ше­ке­рин­ска што, пак, се­га не би тре­ба­ло да е проб­лем би­деј­ќи сѐ пог­лас­ни се ин­фор­ма­ци­и­те за неј­зи­но­то на­пу­шта­ње на земјава, сле­деј­ќи ја ка­ри­е­ра­та на неј­зи­ни­от со­пруг.

Се­га Цр­вен­ков­ски отво­ре­но го ис­по­фа­ли Пен­да­ров­ски, исто ка­ко да го во­ди под ра­ка пред де­ле­га­ти­те. Спо­ред не­го, „от­пор не се те­ра од кан­це­ла­рии“, а за тоа е по­тре­бен ли­дер „со го­лем кре­ди­би­ли­тет“ и „по­го­лем обе­ди­ну­вач­ки ка­па­ци­тет“. Зна­чи, на Цр­вен­ков­ски му тре­ба нас­лед­ник кој се­га, ос­ло­бо­ден од оние кои са­ка­ат Ма­ке­до­ни­ја да е др­жа­ва во ко­ја ра­бо­ти­те би се ре­ша­ва­ле ин­сти­ту­ци­о­нал­но, а ид­ни­на­та да се опре­де­лу­ва спо­ред из­бор на по­до­бра из­бор­на про­гра­ма, би го по­вел на­ро­дот во но­ва „вој­на“ и от­пор кон сѐ што прет­ста­ву­ва де­мо­крат­ска при­до­би­вка и раз­вој. Та­ка, Цр­вен­ков­ски за таа уло­га, всуш­ност, из­бра чо­век кој би по­вел и би за­ста­нал на че­ло на гру­па лу­ѓе на ули­ца, спро­ти ба­ри­ка­ди­те, спро­ти оние кои би за­ста­на­ле во од­бра­на на си­сте­мот. Всуш­ност, по­втор­но би се слу­чи­ле по­дел­би­те кои до­ве­доа и до оние сце­ни пред пар­ла­мен­тот, ко­га со там­пон-зо­на по­ли­ци­ја­та ги дво­е­ше лу­ѓе­то од ме­ѓу­себ­на прес­ме­тка.

Ту­ка на ви­де­ли­на из­ле­гу­ва и стра­те­ги­ја­та зо­што Пен­да­ров­ски, всуш­ност, сам ја во­де­ше кам­па­ња­та. Со тоа Пен­да­ров­ски не­ма да мо­же да се спо­ју­ва со СДСМ кој тре­ба­ше да изг­ле­да пред јав­но­ста де­ка за­ста­ну­ва спро­ти Цр­вен­ков­ски. Со тоа ста­на јас­но де­ка СДСМ, од­нос­но тој што ги вле­че кон­ци­те, во­оп­што не се на­де­ва­ше на пре­тсе­да­тел­ско­то ме­сто, ту­ку во­де­ше кам­па­ња за про­мо­ци­ја на Пен­да­ров­ски ка­ко иден ли­дер на СДСМ. До­ма и во странс­тво.

Со тој че­кор е јас­но де­ка по­ра­ки­те што Пен­да­ров­ски ги упа­ти од три­би­на­та во При­шти­на, по кон­гре­сот на кој се оче­ку­ва тој да го по­ве­де СДСМ, ќе ста­нат и офи­ци­јал­на стра­те­ги­ја на ид­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ. Во ком­би­на­ци­ја со „от­по­рот“ кон ин­сти­ту­ци­и­те и на­ру­шу­ва­ње­то на уг­ле­дот на др­жа­ва­та, мо­же да се оче­ку­ва и спро­ве­ду­ва­ње­ на улич­ни­те сце­на­ри­ја на Цр­вен­ков­ски, до­ло­ве­ни со стра­те­ги­ја­та „На­деж“, а кои не ги за­бо­ра­ва ни­ту тој во пос­лед­но­то ин­терв­ју „Сло­бо­да­та се осво­ју­ва, не се по­да­ру­ва“.

А, гла­со­ви­те и под­др­шка­та за вла­ста да­де­ни на из­бо­ри­те? „На­ро­дот се­ко­гаш е во пра­во, ду­ри и ко­га гре­ши“.

 

(Пишува: Наум Стоилковски | Фото: Република
Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top