| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на филмот „Старо купујем“ утре во АРМ

s.mladen krstevski

Филмот под работен наслов „Старо купујем“ утре во Домот на АРМ со почеток во 21 часот ќе биде премиерно прикажан пред македонската публика. Содржината на ова филмско остварување се однесува на бегството од секојдневието кое не опкружува денес, за лужето кои секојдневно ги гледаме околу нас како чепкаат по контејнери, за луѓето со неостварени желби, фантазијата за побогат живот.

Иако навидум хуморот е присутен во филмот, сепак трагичноста не ги одминува ликовите, како Аурелие (го толкува Ѓорѓи Тодоровски-Трупче) и Тачо (Младен Крстевски) кои сакаат да побегнат од секојдневната сиромаштија надевајќи се еден ден ќе ги напуштат контејнерите и со измама ќе дојдат до големото богатство на Господинот (Александар Шехтански)…

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top