Споменикот на Тоше Проески во Крушево заборавен од надлежните поради тоа неговите пријатели и обожаватели реагираа на негрижата од страна на власта и градот во врска со одржувањето.
Не можејќи да ја гледаат нечистотијата на споменикот, неговите пријатели решиле работата да ја земат во свои раце, пренесува „Бриф“.
– Како што знам и умеам се трудам да го зачувам ликот и делото на Тоше. Никој од градските и државните власти, па и познати личности како и медиуми, не смеат да го извалкаат и заборават бидејќи тој со својот талент, знаење, професионалност и човечност многу му даде на овој наш град и држава.
Ние треба на истиот начин да му вратиме и да го продолжиме тоа што тој го правеше на најубав начин – вели Стерули Штерјоски од Крушево, кој се погрижил да му го врати сјајот на споменикот на Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


