| четврток, 6 декември 2018 |

Документарецот „Мама Европа“ на репертоарот на МКЦ

мама европа
Од 18 мај, недела, со проекции од 20 часот, на репертоарот на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се прикажува документарниот филм кој ги освои срцата на кинопубликата низ светот – „Мама Европа“ во режија на Петра Селишкар.
„Мама Европа“ е документарен филм кој ја разгледува Европа низ очите на шестгодишното дете Тера. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и мајка Словенка, малата Тера брзо сфаќа што се тоа граници. Таа патува низ поранешна Југославија со семејството и се среќава со разни маркантни личности кои ги раскажуваат своите интересни приказни. Воедно, и таа ги кажува своите невини, но интелигентни согледувања и искуства за континентот кој не е обединет, а треба да биде. Согледувањето на Европа низ очите на мало дете од Балканот може лесно да ви ги наруши предрасудите за тоа каде живееме. Цртајќи ја картата на Европа, малата Тера открива дека таа е многу покомпликувана од целата Земја и станува се посигурна дека… нема ништо поважно од планетата Земја.
Филмот „Мама Европа“ е дело на Петра Селишкар и Бранд Ферро. Филмот гостуваше на повеќе фестивали, и тоа во Загреб, Ротердам, Белград, Љубљана, Порторож, Минхен, Лондон… а македонска премиера „Мама Европа“ ја имаше на минатогодишното издание на фестивалот на креативен документарен филм МАКЕДОКС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top