| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио и Мајами во конференциските финалиња

Сан Антонио доминираа преку целиот натпревар против Портланд, кој го решија во нивна корист со 102-82 и со резултат 4-1 се пласираа во финалето каде што ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Оклахома и Клиперс.

Најзаслужни за победата на Спарс беа Кеви Леонард и Даниел Грин, кои постигнаа по 22 поена, Патрик Милс постигна 18, додека Тим Данкан натпреварот го заврши со 16. На другата страна најефикасен беше Ламаркус Олдриџ со 21 поен.

Мајами со победа над Бруклин со 96-94 се пласираше во финале на источната конференција, откако серијата ја завршија со резултат 4-1.

Нетс во третата четвртина имаше плус девет, но Хит одигра одлично во последната четвртина, која ја доби со 30-19. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 39 поени, еден помалку постигна Двејн Вејд. Мајами сега го чека победникот од дуелот меѓу Индијана и Вашингтон.

Кај Нетс најдобар беше Џо Џонсон со 34 поени, Пол Пирс постигна 19, додека Дерон Вилијамс 17 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top