Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Украина е на работ од граѓанска војна, што го отежнува одржувањето на слободни и фер претседателски избори на 25 мај.
– Кога Украинци убиваат Украинци се смета дека е блиску граѓанската војна. Во источниот и во јужниот дел на Украина има вистинска војна со тешко оружје. Ако тоа е погодно за слободни и фер избори, тогаш не знам што значи фер и слободно – истакна Лавров.
Тој оцени дека проруските сепаратисти треба да се вклучат во разговорите за „национално единство“, кои денеска почнаа во Киев. На разговорите учествуваат поранешни украински претседатели, актуелни украински владини претставници, пратеници, верски лидери и академици.
Тркалезната маса за „национално единство“ е прва во низата на планирани средби и се одржува по препорака на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и се одвива без претставници на источните региони во Украина.
– Не знам кој точно учествува на тркалезната маса во Киев. Убедени сме дека за да биде успешен националниот дијалог, апсолутно е неопходно сите региони во Украина, не само јужните и источните, туку и западните рамноправно да учествуваат – посочи Лавров.
Во Украина за 25 мај се закажани предвремени претседателски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Лавров: Уште еднаш им велам на колeгите од САД – не си играјте со оган
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија