| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кривогаштани нова експозитура на ТТК Банка

ttk

ТТК Банка отвори нова експозитура во општина Кривогаштани, со цел за приближување на производите и услугите до крајните корисници на подрачјето на пелагониската крстосница, која ги поврзува блиските градови Прилеп, Крушево, Битола, Демир Хисар.

Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање на физички и правни лица, депозитно работење и други.

Корисниците ќе имаат можност за користење на услугите преку банкомат. На територијата на Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 32 деловни единици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top