
Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија го реализира караванот со промоции во 15 града низ Македонија. На промоциите, граѓаните можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија, а во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
Досега се доделени клучевите на три автомобили. На првиот ден од караванот на Државна лотарија на Македонија тимот на Државна лотарија на Македонија го посети Тетово, а пред продажното СРЕЌНО МЕСТО – Бартон, водителката Марјана Станојковска го додели автомобилот Пежо 208 на среќното семејство Трајчевски.
Во Битола, пред продажното место „Вагабонт“, клучевите од автомобилот Рено Твинго Тренд, благодарение на Инстант лотаријата Твингоманија 2, на среќната добитничка Ленче Синановиќ Христовска и ги додели водител Виктор Петров Викса. Караванот на Државна лотарија на Македонија во Неготино го донесе и автомобилот Пежо 208, извлечен во петтото коло од наградната игра Фискална во рака – награда без мака. Добитничка на овој автомобил е Милица Поповска од Неготино. Клучевите од автомобилот Пежо 208, на добитничката Милица Поповска и ги додели водителката на Лото 5, Маја Ристевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


