Расел Ветсбрук беше и громогласен и ладнокрвен кога најмногу требаше во финишот на мечот и со 3 прецизни слободни фрлања на 6 секунди до крајот и донесе победа на Оклахома од 105-104 против Лос Анџелес клиперс, со која Тандер водат со 3-2 во полуфиналето во Западната конференција.
Домаќините имаа 13 поени негатива на четири минути до крајот, а на 13 секунди до истекот на регуларното време беше 104-100 за Клиперс. Најпрво Кевин Дурент погоди и намали на два поени разлика, а потоа Вестбрук одлично се снајде му украде топка на Крис Пол и беше фаулиран во обидот за три поени. Расел го заврши мечот со 38 поени, 6 асистенции и 5 скока. Дурент имаше дабл-дабл ефект од 27 поени и 10 скока.
Кај Клиперс кои на сличен начин се извлекоа на претходниот меч, овојпат солидна партија одигра Блејк Грифин со 24 поени и 17 скока.
Со цврста одбрана и ефикасен напад во кој се истакна Марчин Гортат, Вашинготн ја декласира Индијана со 102-79 и не дозволи елиминација. Пејсерс се уште водат со 3-2, но Визардс ноќеска играа магично. Полскиот репрезентативец Гортат апсолутно доминираше и со 31 поен и 16 скока го предводеше Вашингтон до втор триумф во полуфиналето на Истокот. Џон Вол постигна 27 поени, а кај Индијана Дејвид Вест беше најефикасен со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.