| четврток, 6 декември 2018 |

Борби кај Краматорск, атентат врз лидерот на проруските сили во Луганск

Според претставник на донецката народна милиција, припадниците на оваа проруска вооружена групација се судриле со оклопна единица на украинската Национална гарда, пренесува РИА Новости.

Краматорск, со околу 160 илјади жители, е еден од најголемите градови во Донецката област, стана центар на проруските протести против прозападните власти во Киев со кои се бараше федерализација на Украина, а потоа вооружените групи под своја контрола ги заземаа објектите на регионалните и државните институции, по што украинските власти започнаа воена операција за враќање под контрола на источните области.

Два дена по референдумот за прогласување на ткн Народна република Луганск, во вторникот врз ткн народниот гувернер Валериј Болотов е стрелано од автоматско оружје, при што тој бил ранет но неговиот живот не е во опасност, соопштил за Итар Тасс, портпаролот Василиј Никитин.

„Непознати лица од автоматско оружје пукаа во автомобилот во кој беше Валериј Болотов. Загуби многу крв, но не е во животна опасност”, изјавил портпаролот кој од безбедносни причини не сакал да соопшти во која болница е хоспитализиран Болотов. Додал само дека ранетиот е пренесен во приватна клиника и дека до него имаат пристап само неговите најблиски соработници.

„Сигурни сме дека овој напад претставува одговор на Киев на нашиот референдум”, додал Никитин.

Командантот на ткн Армија југоисток, Валериј Болотов беше избран за „народен гувернер” на Луганск на 21-ви април, меѓу неколку кандидати на импровизираните избори на коишто гласаа жителите на повеќе места во Луганската област каде што е доминантно руското и рускојазичното население.

Копретседателот на владата на самопрогласената Донецка нараодна република, каде што исто така во неделата 11-ти мај се одржа референдум за самостојност”, Денис Пушилин изјави дека атентатот врз Болотов претставува „провокација до страна на киевската хунта. Тие прават обиди да ја пресвртат ситуацијата во своја полза”.

На 28-ми април, во источниот украински град Харков, каде што исто така русофонската заедница е голема, беше извршен атентат врз прорускиот градоначалник Генадиј Кернес. Тој беше хоспитализиран во Израел, во приватна болница во градот Хаифа, а подоцна во главната градска болница „Рамбам” каде врз него беше извршена операција.

Партијата на регионите, којашто до мартовските безредија во Киев со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, беше на власт во Украина и од чии редови е Кернес, исто така, за овој атентат ги обвини властите во Киев. Исто така, ваква оцена даден и кандидатот за претседател на Украина за изборите закажани за 25-ти мај, Михаил Добкин.

Имено, на една од затворените за јавноста седници на украинскиот парламент била донесена одлука за пасење на Кернес и Добкин, поради нивното спротиставување на новите власти во Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top