Денешниов ден ќе донесе облачно и врнежливо време. Уште наутро врнежите ќе започнат во западниот дел од земјата. Претпладне во тој дел од Македонија врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи. Бранот врнежи ќе се преместува кон исток, каде врнежите ќе бидат пообилни попладне, истотака локално проследени со грмежи.
Во текот на денот ќе дува умерен, локално до засилен ветер.
Утрото ќе биде релативно топло Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност околу 10°С.
Максимална температура околу 18°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на повардарието очекува максимални 22°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.