Во Украина секојдневно се гине. Борбите на проруските бунтовници со лојалистите и регуларните сили на полицијата и војската стануваат се пожестоки на југоистокот на Украина, а нема знаци на смирување на хаотичната ситуација.
Иако Москва отфрла дека е вмешана во практично веќе започнатата граѓанска војна на подрачјето од Одеса до Харков, станува се појасно дека Кремљ нема лесно да се откаже од Украина.
Зошто му е толку важна Украина на Путин? Од една страна бидејќи западот чепна во неговото азно и му ја повреди суетата и непишаниот договор дека Русија по распадот на СССР има „владеачко право“ над земјите на поранешниот СССР (балтичките републики се тука исклучени). Без Украина, Русија е прилично стеснета во настојувањето со свјот постсоветски цариснки сојуз да и конкурира на ЕУ и себе си да се позициопнира како втора светска политичко-економска групација или алтернатива.
Но, постојат и мошне конкретни и опипливи причини зошто на Путин му е важна Украина. Тоа е најразвиениот дел од земјата, а тамошната индустрија е речиси целосно поврзана со произвитството во Русија. Се смета дека со губитокот на рускиот пазар многу фабрики би ставиле клуч на врата, речиси 60 проценти од призводите се продаваат во Русија, а без работа би останале неколку милиони луѓе. Имено, токму украинската воена индустрија третината од производите ги зивезува во Русија. Токму тие готови производи, опрема или делови руската воена индустрија не може да ги надокнади од своите ресурси или пак со увоз од други земји.
Харковскиот авионски завод е еден од објектите кои Русија не сака да ги испушти. Таму се градат транспортни авиони An-70 и An-124 и делови за млазниот ловец Сухој. Харковската фабрика за транспортни возила „В.А. малишев“ произведува оклопни транспортери BTR 4 без кои руската војска е како без раце.
Крим како седиште на руската црноморска флота е апсолвиран, но не и пристаништата како Одеса или блиските пристаништа Окјабрск во Дњепробургрската евстарија која уште од СССР беше главно пристаниште за извоз на руско оружје. Русија сега има проблем со пронаоѓање на ново пристаниште во Црното Море за таква намена. Луганск е едно од најважните железнички центри, а таму се наоѓаат фабриките за локомотиви и вагони кои дури за 80 проценти ја снабдуваат Руската железница. Во Доњецк, пак, се најголемите рудници за јаглен и кокс исто така свртени со произвотството кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.