| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапиран пријател на Путин: Водачот на „Ноќните волци“ во мрежата на службите на Украина

Претседателот на киевскиот огранок на моторциклистичкиот клуб „Ноќни волци“, Алексеј Верешчагин е киднапиран во харков, изјави водачот на „Ноќни волци“ Александар Хирург Залдостанов.

Верешчагин прво пред неколку дена бил уапсен затоа што на народот на Славјанск му донел хуманитарна помош, а бил киднапиран буквално додека излегувал од притвор.

-Всушност тоа е промислена акција која ја организирала хунтата. Киднапирање на сопствена граѓанин, бидејќи тој е Украинец од Киев. Дознавме за апсењето, собравме пари да платиме кауција, ги добивме сите официјални потврди, а кога требаше да излезе од затвор, токму во моментот кога излезе низ вратата, не стигна ни до ивицата на тротоарот кога долета автомобил го пикнаа внатре и заминаа во непознат правец, раскажа за РИА новости Золдостанов.

Водачот на „волците“ е уверен дека Верешчагин го киднапирале припадниците на Службата за безбедност на Украина. Тој додаде дека е платена кауција од 7.500 долари.

-Ова очигледно е од порано испланирана акција и претставува нов бизнис на хунтата, вели огорчено Золдостанов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top