| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесетгодишна девојка се обидела да ја убие својата мајка, по грешка го прободела братот

Денеска во Тетово настанала расправија меѓу Р.С. (39) и нејзината шеснаесетгодишна ќерка, во која ќерката физички ја нападнала својата мајка.

При обид Р.С. да ѝ го земе ножот на ќерката, таа му нанела убодна рана на својот тринаесетгодишен брат, кој е пренесен и задржан на лекување во медицинскиот центар во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top