| четврток, 6 декември 2018 |

Роџерс тренер на годината во Англија

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, е прогласен за тренер на годината во Англија, пренесува „Дејли меил“.

Како што пренесува весникот, 92 професионални тренери од Англија за најдобар меѓу нив го одбраа менаџерот на „црвените“, кој беше на чекор до освојување на титулата со неговиот тим, но, сепак, таа на крајот заврши во рацете на Манчестер сити.

Сепак, Ирецот не е најдобар тренер во Премиерлигата, тоа признание му припадна на Тони Пјулис, менаџерот на Кристал Палас, кој обезбеди опстанок во елитното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top