| четврток, 6 декември 2018 |

Во Мадрид ѝ веруваат на традицијата, Атлетико не губи во мечевите за титула

Во Мадрид, особено симпатизерите на Атлетико, ѝ веруваат на традицијата и се надеваат на освојување на десеттата, јубилејна титула во шпанското првенство, а за тоа на „јорганџиите“ им треба реми или победа против Барселона во последното коло.

Импресивен е податокот дека Атлетик0 ставил шампионски печат на осум од деветте титули во последниот ден од шампионатот. Тимот од Мадрид има шест победи и два нерешени дуели во завршната рунда кога се борел за титулата. Само еднаш во сезоната 1976/77 Атлетико го имал трофејот пред да почне разврската, односно натпреварите од последното коло.

Овојпат ситуацијата е слична на осумтте победнички за Атлетико, а дербито во Каталонија на „Камп ноу“ против Барселона директно ќе одлучува за првакот. На домаќините им одговара само победа за да се израмнат по бројот на бодови со лидерот од Мадрид и да ја освојат 23. титула благодарение на подбриот меѓусебен скор во шампионатот.

Атлетико може да игра и на реми, а за нив клучниот дел од сезоната почнува в сабота од 18 часот на „Камп ноу“. Мечот против Барса им одлучува за десеттиот трофеј во шпанското првенство, а на 24 мај во Лисабон ќе го играат финалето во Лигата на шампионите против уште еден шпански ривал, Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top