Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски треба да добие преку 175.000 евра од Црвена звезда. Ова го одлучи арбитражниот суд на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Самарџиски го тужеше клубот од Белград за неисплатени обврски за периодот од јануари 2013 година до крајот на сезоната.
Тој се договорил со Црвена звезда за полугодишен договор од 175.000 евра плус бонуси.
По предвремениот раскин на договорот, „црвено-белите“ му понудиле сума од 103.000 евра која требала да биде исплатена на 12 месечни рати. Самарџиски го одбил тоа и се обратил до судот, кој, пак, одлучил клубот да му ја исплати полната сума од договорот, плус бонуси и судски трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.