Откако неодамна беше одбележана 77-годишнината од трагедијата на цепелинот „Хинденбург“, во јавноста се појави ретка снимка од несреќната која на научниците би можела да им даде нов увид во една од најголемите несреќи во историјата на воздухопловството.
Цепелинот „Хинденбург“ на 6 мај 1937 година требало да слета во Лејкхарст во сојузната држава Њу Џерси, но во текот на слетувањето избувнал пожар што довел до пад на леталото, при што загинале 35 патници и членови на екипажот.
– Имаше гласини за постоење на друга снимка. Ова е таа снимка, изјави историчарот Рик Зитарос.
– Можеме да видиме дека пилотот неколку минути пред пожарот има проблеми со одржувањето на балансот. Постојат и показатели дека екипажот бил свесен за проблемите, па се борел за одржување на висината на задниот дел од бродот, додава Зитарос.
Снимката последен пат била прикажана во 1987 година и тоа пред мал број луѓе, по што потоа повторно исчезнала и се досега се водеше како загубена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Трагедија во Србија: Бебе паднало во канта со боја, никој не знае колку време се давело